Волонтерски искуства

Големиот бегалски бран од 2015/16-та година кој се случи на територијата на Македонија, како транзитна земја на нивната рута, преставува едно големо историско движење на народи какво не видел светот од периодот од Втората светска војна. Не само Македонија, туку и сите земји на Балканската бегалска рутата сѐ до најразвиените земји во Европската Унија, се најдоа неподготвени за справување со толкав број на луѓе. Поради тоа, државите немаа друг избор на почетокот освен да се потпрат на хуманите граѓани, волонтерите и невладините организации кои им излегуваа во пресрет на бегалците.

Волонтерите на НВО Легис почнаа со своите активности за помагање на бегалците кои транзитираа низ Македонија уште од октомври 2014 година. Така, големиот бран од 2015 година нѐ фати подготвени и организирани. Освен на своите волонтери и донатори, НВО Легис се потпираше и на странските волонтери и донатори, координирајќи ја целата помош кон бегалците меѓу домашните и странските волонтери, во соработка со државните институции вклучени на терен. Довербата која ја имаше од сите волонтери, без разлика дали тоа беа поединци или групи, локалци или странци, без разлика на нивната национална, етничка, верска, политичка или идеолошка припадност, укажува на тоа дека единствената хумана цел – помагањето на луѓе во неволја, ги обединува различните и ги истакнува само нивните позитивни вредности и сличностите, а тоа се пред сѐ емпатијата и филантропијата.

Во продолжение на овој електронски магазин кој е дел од проектот “Младите делуваат за солидарност” финансиран од Фондација отворено општество Македонија,  на кратко ви ги претставуваме искуствата на волонтерите кои биле или сѐ уште се вклучени во помагањето на бегалците, работеле или соработувале со Легис. Секој од нив ја раскажува својата приказна за ангажманот, за мотивот, за меѓусебните односи со другите волонтери во тимовите, на крајот давајќи свој совет за сегашните и идните волонтери, базиран на нивните бесценети искуства. Иако бројот на волонтери кои им помагаа на бегалците беше поголем кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година, ние издвоивме само еден дел, во интерес на времето и на ресурсите, колку за почетна мотивација за сите кои се интересираат на оваа тема.

Во продолжение на овој електронски магазин кој е дел од проектот “Младите делуваат за солидарност” финансиран од Фондација отворено општество Македонија, со поддршка од Центар за интеркултурен дијалог, на кратко ви ги претставуваме искуствата на волонтерите кои биле или сѐ уште се вклучени во помагањето на бегалците, работеле или соработувале со Легис. Секој од нив ја раскажува својата приказна за ангажманот, за мотивот, за меѓусебните односи со другите волонтери во тимовите, на крајот давајќи свој совет за сегашните и идните волонтери, базиран на нивните бесценети искуства. Иако бројот на волонтери кои им помагаа на бегалците беше поголем кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година, ние издвоивме само еден дел, во интерес на времето и на ресурсите, колку за почетна мотивација за сите кои се интересираат на оваа тема.

Ова се сториите на најдобрите. Повелете симнете тука и прочитaјте ги.