Интернационална кампања “Сите различни, сите исти!”

Во рамки на проектот “Open European Societies”, заедно со партнер-организации од седум други држави, Центар за интеркултурен дијалог учествуваше во интернационална кампања под името “Сите различни, сите исти!”. Оваа кампања има за цел да поттикне разбирање нагласувајќи ги сличностите помеѓу луѓето, промовира заеднички вредности и надминување на стереотипите.

На триесет луѓе од осум различни држави, различна возраст, различна културна и социјална позадина, им беа поставени истите пет прашања. Дали нивните одговори беа толку различни? Што одговорија? Погледнете ги овие пет кратки видеа и дознајте.

  1. Што Ве мотивира да се разбудите секое утро?  
  2. На што сте најмногу горди во Вашиот живот?
  3. Што за Вас значи “ДОМА”?
  4. Што Ви беше најголем предизвик?
  5. Што е најголем проблем во светот моментално?

Видеата се снимeни во 2019 година.