Североисточниот регион е добро оценет за организациски информации, но слабо во мониторинг и евалуација

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, Центар за интеркултурен дијалог ЦИД, во соработка со Фондацијата Метаморфозис ве информира дека спроведе мерења на отвореноста на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Во процесот на спроведување на истражувањето беа вклучени 8 локални граѓански организации: Агтис - Прилеп, Центар за интеркултурен дијалог- Куманово, Фондација за развој на локалната заедница - Штип, Центар за социјални иновации Блинк 42-21 - Скопје, Мултикултура - Тетово, Скај Плус - Струмица, Локална агенција за развој - Струга и Квантум Прима - Кавадарци. Со истражувањето за 2021 година беа опфатени сите 80 општини и Градот Скопје. Истражувањето беше спроведено од 1 јуни до 15 јули 2021 година.

 

Методите на истражување беа преку проверка на веб-страниците на општините според дефинирани индикатори и прашалник доставен до општините за да се потврдат наодите добиени од онлајн мониторингот. Методологијата како основен извор за прибирање информации ги зема официјалните веб-страници на ЕЛС.  Во однос на планските региони, во под-областа заложба за транспарентност и отчетност највисоко се оценети ЕЛС во Североисточниот регион (41%). Во однос на под-областа организациски информации највисоко се оценети ЕЛС во Североисточниот регион (51%). Додека во под-областа мониторинг и евалуација најниско се оценети општините во Североисточниот регион (0%).

 

Истражувањето за 2021 година покажа дека општини имаат функционални веб-страници, но значаен дел од нив се развиени на многу ниско ниво. Повеќето општини не работат доволно за да ги задоволат стандардите за отвореност. Резултатите во областите укажуваат на тоа дека ЕЛС применуваат  ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење. Иако во вонредни околности неизбежно е намалување на ефективноста и ефикасноста во работењето во некои области, сепак тоа мора да биде ограничено во обем и време за да се избегне создавање на негативна перцепцијата кај граѓаните за компетентноста, отвореноста и транспарентноста на ЕЛС.

 

Општините треба да ја зголемат транспарентноста во нивното работење, а особено објавувањето на податоци во однос на одлуките кои ги носат градоначалникот и Советот, стратешките и планските документи, документите за следење и мерење на ефективноста на политиките и податоците во однос на финансиското работење. Потребно е општините повеќе да работат на зголемување на отвореноста и нивното работење да го засноваат врз принципите на транспарентност, отчетност и учество, што, потпомогнато од новите технологии и иновациите, ќе го унапреди јавното управување и ќе ја зајакне јавната администрација и демократија. Веб-страниците на општите треба да содржат подетални информации и податоци кои се однесуваат на работењето на јавните претпријатија основани од општината. Во наредниве денови ќе бидат објавени конечните резултати од истражувањето кое беше спроведено.

 

 

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ        

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 830 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на YouTube, Твитер и Фејсбук.