Продолжен повик за натпревар за пишување есеј

Дали се чувствувате заглавено дома? Но исто така сакате да читате и пишувате? Тогаш овој натпревар е токму за вас!

Ве повикуваме сите вас тинејџери, од 1ва до 4та година (средно училиште) од Куманово, да ни се приклучите на овој наптревар во пишување есеи, каде што ќе имате можност да се искажете и да го претставите вашето мислење.

Ќе треба да напишете есеј на тема:

„ Во какво мултиетничко општество живееме?“

 

Вашот есеј мора да ги следи овие критериуми:

  • Треба да има најмалку 400 зборови, а најмногу 600 зборови;
  • Есејот мора да биде разбирлив за читателот;
  • Мора да биде со фонт Ариал, и со големина на текст 11;
  • Може да биде напишан на Македонски, Албански или Англиски јазик. Изборот е ваш;
  • Треба да биде во Word document и испратен како документ;
  • Во долниот десен агол, треба да го напишете вашето Презиме, Име и која година сте во училиште, по овој редослед;

 

Есејот треба да биде доставен онлајн (повеќе информации подолу) а понатаму ќе биде споделен на Facebook страна каде што ќе се изврши процесот  на онлајн гласање . Најдобрите три есеи ќе добијат симболична награда.

 

Процес на гласање:

Секој есеј ќе биде споделен на Facebook страна креирана од наша страна, каде што сите луѓе ке имаат можност да гласаат за најдобриот есеј.

 

Како да аплицирате:

Можете да го испратите вашиот есеј на следните емаил адреси:

tamara@cid.mk и info@cid.mk со назнака(subject): Натпревар – Есеј.

или  да го испратете есејот во порака на нашата Facebook страна

https://www.facebook.com/CenterforInterculturalDialogue/

 

Крајниот рок за аплицирање е 26.05.2020, 23:59.