Продолжен повик за натпревар за цртежи

Дали ви е здодевно во карантин? Придружете ни се да го поминеме времето заедно!

 

Ве повикуваме сите млади од 6-то до 9-то одделение од Куманово да ни се прклучите на натпревар за ликовно цртање каде ќе имате можност вашата уметност да ја споделите со нас!

 

Цртежите ќе треба да одговорат на темата “Во какво мултиетничко општество живееме?”. Цртежите ќе треба да бидат нацртани на лист А4 формат. Техника со која ќе се изработи цртежот е личен избор на оној што ќе го црта. Најдолу, на аголот од цртежот, авторот ќе треба да си го напише своето име и презиме и кое одделение е.

 

Цртежите ќе треба да се достават онлајн (скенирани/сликани) и истите подоцна ќе бидат ставени на гласање онлајн на Facebook. За првите три цртежи со најмногу гласови следуваат симболични награди.

 

Како ќе биде извршено гласањето?

Вашите уметнички дела ќе бидат споделени на  Facebook страна креирана од нас каде што сите луѓе ќе имаат можност да гласаат за најдоброто уметничко дело.

 

Како да се аплицира?

Можете да го испратите вашиот цртеж, скениран или сликан на следните е-mail адреси

Email:    tamara@cid.mk и info@cid.mk со назнака (subject) Натпревар_цртежи

или да го испратете цртежот (скениран или сликан) во порака на нашата Facebook страна

https://www.facebook.com/CenterforInterculturalDialogue/

 

Краен рок за испраќање на вашите цртежи е 26.05.2020, 23:59.

 

* Овој натпревар е во рамки на проектот Граѓанско учество за интеркултурно општество.

Проектните активности се подржани од страна на Амбасада на Кралството Холандија.