Повик за учесници на 7ма Школа против говор на омраза

Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со задоволство распишува Повик за учесници на 7-мата Школа против говор на омраза.

Центар за интеркултурен дијалог веќе 7-ма година по ред организира обуки за младински работници, студенти и активисти, чија главна цел е да се развијат нивните вештини за справување со говорот на омраза, како и развивање на алтернативни наративи засновани на човековите права.

Oбуката ќе биде организирана во три дела:

  • Првиот дел од обуката ќе биде онлајн и служи за вовед во темата и меѓусебно запознавање на учесниците.
  • Вториот дел ќе се одржи од 15-ти до 19-ти октомври 2018 год. во х. Монтана, Крушево и ќе се состои од работилници и предавања на тема: говорот на омраза и неговите манифестации, последиците од говорот на омраза, криминал од омраза, справување со криминал од омраза, не-дискриминација итн.
  • Третиот дел опфаќа организирање на кратки активности од страна на учесниците во средините во кои работат и делуваат, а се поврзани со темите на обуката.

Профил на учесници:

  • Возраст над 18 години;
  • Да бидат во можност да учествуваат на целата обука, а по завршување на истата активно да се вклучат во спроведување на активности во локалните заедници;
  • Да се студенти, младински работници и/или едукатори, активисти, членови на младински организации;
  • Да имаат основни познавања од областа на човековите права и претходно искуство во организирање на настани;
  • По завршување на обуката да бидат во можност да реализираат кратка активност во средината во која живеат и делуваат.

Датум 15.10 – 19.10.2018

Место: х.Монтана, Крушево

Пријавите треба да ги поднесете најдоцна до 5 октомври 2018 година.

Сите заинтересирани можат да го симнат повикот и да се пријават преку потполнување на формулар за учество кој може да го најдете на следниот линк.

 

За дополнителни информации можете да нѐ контактирате на тел.:+389 71 390 192 или на е-мејл arta@cid.mk и/или info@cid.mk.