Планинарење, јазични работилници, уметности: Оваа лето во MultiКулти

Ова лето нашиот младински центар беше мошне зафатен: локалните волонтери работеа на развивање на концептот за младински клубови фокусирани на различни теми  интересни за младите во Куманово, додека нашите динамични меѓународни волонтери организираа работилници за уметност и јазични работилници за младите кои сакаа да научат нешто ново и да се забавуваат оваа лето. Сето ова се надоврзува со редовни работилници што ги водеа нашите младински работници како и моментот кога сите ние вкусивме вкусна баклава по повод Бајрам,а го прославивме и денот на младите на главниот плоштад.

Летна забава: на 25-ти јуни локалните волонтери се собраа во младинскиот центар за да го прослават крајот на уште една учебна година како и да ги планираат летни активности. Агендата на настанот вклучуваше презентација на младинските клубови, музички изведби од талентирани волонтери и неформално дружење со закуски и пијалаци.

Младински клубови: Веќе неколку месеци локалните волонтери работат на создавање локални младински клубови. Темите кои најмногу им привлекоа внимание на младите се новинарството, планинарење и активностите на отворено, туторството и поддршката од колегите и театарот и уметноста. Планинарскиот клуб организира неколку состаноци како и  планинарење надвор од Куманово на 7-ми јули. Рутата ја координираа членовите на Планинарскиот клуб "Козјак 2013", а со нив заедно се собраа и локални и меѓународни волонтери. Клубот за новинарство одлучи повторно да ја отпочне иницијативата од минатата година кога објавија онлајн списание под наслов "Дали сте изгубени?" На македонски, албански и англиски јазик. Во овогодинетото издание ќе се соберат приказни, поезија и слики од талентирани млади во Куманово во друга онлајн публикација. Повеќе детали наскоро!

Посета на девојки водичи: едно од главните теми оваа лето беше 1-недела младинска размена во која 13 младински водичи од Белгија се приклучија на локалната младина во младинскиот центар и заедно организираа активности. За 7 дена групата има развиено друштвена игра, се приклучија на Планинарскиот клуб, го следеа Светското првенство заедно со локалните волонтери. Заедно со локалните волонтери пронајдоа креативни начини за надминување на јазичната бариера со користење на јазикот на забава и со учење едни од други.

ЕВС волонтери:  долгогодишна традиција во ЦИД.Оваа лето ЦИД беше домаќин на 3 ЕВС волонтери, плус волонтер од Мировен корпус и меѓународен практикант. Заедно, тие подготвија интересна програма за постојаните посетители на младинскиот центар: курс по турски јазик, неделни работилници за уметност и занаети, друштвени игри, филмски дружби. Волонтерите формираа силна врска со локалната младина и покажаа прекрасна подготвеност да ги научат основите на младинската работа и да креираат работилници и активности кои ги земаат во предвид потребите на младите луѓе.

Меѓународен ден на младите 2018: Уште еден белег на ова жешко Лето беше прославата на Меѓународниот ден на младите, што се одржа на 13-ти август на градскиот плоштад во Куманово. Настанот ги собра членовите на CID, волонтерите, локалната младина и нивните пријатели заедно да се забавуваат со музички изведби на нивните пријатели. Секогаш е добра идеја да се соберат различни заедници преку јазикот на музиката.

Baklavijada 2018: уште еднаш, различни заедници собрани за заедничката љубов кон Баклавата. По прославата на Бајрам, се собравме во МултиКулти да вкусиме вкусна домашна баклава и да ја споделиме радоста преку почит кон овој елемент на локалната заедничка култура.