Отворен повик за младински иницијативи

Дали има нешто што сакаш да смениш во твоето училиште или место на живеење?

Дали отсекогаш сте сакале да направите промена, но не сте ја имале поддршката за истата да ја направите?

Дали имаш идеја за да го подобриш општеството, за тебе и за сите околу тебе?

 

Доколку твојот одговор е да, тогаш повикот за млади е за тебе!

 

CID Academy се група на млади луѓе кои имаат поминато низ подолг сет на обуки, и чија цел е да го споделат знаењето и да помогнат да се имплементираат младински иницијативи целосно предводени од млади лица!

Доколку сакате да направите промена во општеството и да ја направите подобра заедницата во која живеете, а имате супер идеа за тоа, CID Academy е тука да ви помогне во реализирањето на вашата идеа!

Ние сме тука за да ви ја дадеме поддршката при имплементирањето на идејата, и да ви овозможиме менторска и финансиска поддршка во висина од максимално 500 американски долари по иницијатива.

Аплицирајте најдоцна до 10.11.2019, 23:55ч за и вашата идеја да биде дел од финансираните!

 

Приоритети за иницијативите

Вашите идеи и иницијативи, треба да бидат дел од некоја од следните приоритетни области:

- Квалитетно образование;

- Борба против дискриминација и нееднаквост;

- Подобрување на културниот и социјалниот живот на младите во општеството;

- Пристап до права за млади (транспорт, политичко општество, учество во училишниот систем, пристап за лица со посебни потреби до јавни институции, итн.).

 

Кој може да аплицира?

За да аплицирате на повикот за младински иницијативи, треба да бидете група од 4 млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, кои што живеат во Куманово, Липково и/или Старо Нагоричане.

Една група може да аплицира со повеќе од 1 идеја!

 

Како да аплицирам?

Апликацијата пожете да ја пополните онлајн на следниов линк линк.

 

Имплементирањето на иницијативите е поддржано од страна на Центар за интекрултурен дијалог преку проектот “Промовирање на младински активизам во мултиетнички заедници” поддржан од страна на Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy-NED).