Мрдни со прст: Младинско вклучување за локални проблеми во Куманово

Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) беше вклучен во извршување на граѓански иницијативи во партнерство со кампањата за подигање на јавната свест "Мрдни со прст" (MYF).

Граѓанската иницијатива “Мрдни со прст” во насока на младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово претставуваше збир на неколку иницијативи кои се одвиваа во три општини: Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Иницијативите потекнуваа од самите граѓани кои преку спроведување на три собири ги собравме, дискутиравме и најдовме заеднички решениа за истите.

Целта на овој проект беше да ги нагласи недостатоците и потребите на нашето општество. Да ги поттикне и надополни силните страни, искуствата и идеите на младите поединци. Да им овозможи пристап кон разни алатки и ресурси за подобрување на општеството во кое живеат, како и да им овозможи понатамошен индивидуален развој и перспективни можности.

Дел од иницијативите кои беа спроведени се

  • “За по Еколошко Куамново” беа спроведени три еко-акции во Куманово;
  • “Младински центар Мултикулти” го разубавувивме и поставувивме клупа во дворот на младинскиот центар;
  • ”Дневен центар за лица со посебни потреби” во кој се поставија купи и маса во дворот на дневниот центар со намена за час на отворено;
  • “Градинка во Село Оризаре” конструиравме игралиште за најмалите;
  • “Екологија во с.Слупчане” спроведовме еко-акција и исто така поставивме автобуска постројка за жителите на селото;
  • ”Заедно за подобар живот во рурални средини” ја уредувме месна заедница која сега им служи на младите како место за дружење.

Иницијативите беа имплементирани во текот на месецот Октомври.

Со првата акција „За поеколошко Куманово“ се исчисти Соколанскиот парк, а се спроведе и дополнителна акција за чистење на спортското игралиште на средното техничко училиште. Во акцијата учествуваа деваесетина млади луѓе. Младите и останатите граѓани, беа задоволни од првата акција за поеколошко Куманово, покажаа спремност за учество и во другите акции, што покажа дека сме на добар пат кон покренување на свеста на граѓаните за важноста на екологијата.


 

 “Мило ми е што сум дел од една ваква кампања, која не само што не поттикнува кон стремеж за почиста околина, туку ни нуди и можности за меѓусебно дружење!”

– Јована Андоновска, учесничка во акцијата


 

Граѓанската иницијатива Мрдни со прст во насока на младинско вклучување за локалните проблеми во Куманово претставува збир на неколку иницијативи кои се одвиваа во три општини: Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Активностите кои се одвиваа беа фокусирани на ангажирање на млади луѓе кои се подготвени да придонесат и направат позитивни промени за своето општество и нивната нивната заедница. Центарот за интеркултурен дијалог (CID) беше вклучен во кампањата ‘Мрдни со прст’, чија главна цел е да поттикне акција и активно учество на луѓето во решавање на нивните важни социјални и општествени прашања.