Конкурс "Младите творат додека градот спие"

Групата Culture & Fun како дел од CID Academy распишува конкурс за избор на слика,фотографија и поема со мотиви од Младите во Куманово.

Конкурсот е отворен за сите млади од 16 до 26 години, жители на Куманово и околината. Ги покануваме сите заинтересирани да се пријават со свои авторски дела согласно утврдените критериуми.Критериумите за учество се следни:

Мотивите на делата да бидат од Куманово на темата: Што му недостасува на мојот град (од областа на спорт,култура,социјален живот,образование и тн.)

1.Фотографија

Фотографиите ќе се доставуваат во дигитална форма е маил: cidacademyculture@outlook.com , не треба да бидат потпишани или на било кој начин означени со Име или индентификација на авторот.Со фотографијата треба да се испрати наслов и лични информации на авторот(име, презиме, години, образование, професија, број на телефон).

Трошоците за печатење на одбраните фотографии кои ќе бидат изложени ,ќе бидат покриени од наша страна.

 

2.Сликање

Сликите може да се направат со користење на различни техники (молив,јаглен,акрилни бои,темперни бои...) со различни соодветни подлоги и со различна големина .Со сликата треба да се испрати наслов и лични информации на авторот (име, презиме, години,образование,професија, број на телефон) и исто така не треба од напред да има никакви ознаки или идентификација на авторот. ВАЖНО:Нашата група дава платна на оние кои не се во можност да купат платно поради социјални причини, тоа ќе се одвива анонимно со праќање на порака на е маил: cidacademyculture@outlook.com  или пак во порака на фб страната на MultiКулти. Бројот на платната е ограничен.

 НАПОМЕНА: Со испраќање и доставување на делата авторот потврдува дека делата се лични и авторски и дека се согласуваат тие дела да бидат изложени.

3.Поезија

Тема: Младите како минато или иднина на Куманово

            Мојот град е мој

            Куманово-моја вечна муза

            Творам за поубаво Куманово

 Поемите треба да се испратат на е маил: cidacademyculture@outlook.com ,Треба да содржи од 10 до 25 стиха и наслов соодветен на темите. Со поемите треба да се испратат и лични информации на авторот (име, презиме, години,образование,професија,број на телефон) Избраните поеми ќе бидат рецитирани од страна на авторите на ден на изложбата.

 

Секој заинтересиран кандидат може да достави максимум по 2 дела од сите 3 области(фотографија, слика, поезија).

            За првите три места од сите три области ќе бидат доделени дипломи и награди, за второ и трето место ќе има пофалници и награди и за останатите изложени дела ќе бидат доделени благодарници.

 Целта на оваа активност е преку уметност подигување на свеста и презентирање на потребите на малдите од Куманово. Оваа активност е дел од кампањите за подобро застапување на младински прашања пред различните чинители, кои се спроведени од учесниците на ЦИД Академија за млади лидери. Проект подржан од страна на НЕД.