Kokino calling: Интернационален работен камп за зачувување на културното наследство

Дали некогаш сте слушнале за Кокино? Тоа е прекрасно место. Се наоѓа на само 20 километри од Куманово, каде што се наоѓа и нашата канцеларија, Кокино нуди прекрасни погледи и авантуристички планинарења, но исто така е и заштитено земјиште на УНЕСКО кое всушност претставува стара опсерваторија.

Оваа есен CID одлучи да организира интернационален работен камп во Кокино, фокусирана на зачувување на културното наследство во областа. Работилницата беше дел од проектот за волонтерски пат. Целта на овој проект е да работи на стратешките цели на Белата книга и да ја промовира работата на МВС организациите и неформалното учење, а истовремено да ги вреднува локалните обичаи и нивната разновидност.

На работниот камп се собраа околу 12 волонтери, локални и меѓународни, со цел оваа област да стане попогодна и пријатна за планинарите, љубителите на природата и природните наследства. Во текот на девет дена беа организирани неколку активности во партнерство со Црвениот крст и локалниот Планинарски клуб Козјак. Волонтерите учествуваа во обележувањето на пешачките патеки, собирајќи ѓубре и поставвање на градежни клупи за одмор на патот.

Освен јасна корист за заедницата, работниот дом исто така се фокусираше на градење на компетенции на волонтерите во интеркултурното учење, говорење на странски јазик, основни вештини за преживување во природата, разбирање на локалната реалност.

Еве неколку мислења кои интернационалните волонтери ги споделија со нас:

Баптист:  “Јас сум волонтер од Франција; ние планинаревме со останатите волонтери во работниот камп. Уживавме досега, навистина е убаво да се биде овде во Македонија за време на  работниот камп. Навистина е прекрасно само  да се бидеме тука заедно, и да го споделиме момент со различни култури и луѓе. "

Хелена: “Доаѓам од Молдавија. Решив да учествувам во овој работен камп, бидејќи тоа е добра можност да се направи нешто на отворено. Времето е прекрасно и сме во Кокино, за кое се знае дека е стара опсерваторија, но и овој елемент за правење нешто добро за заедницата беше навистина интересен. Се чувствувам добро знаејќи каде ги поставивме клупите  и како ги обележавме патеките коишто подоцна ќе бидат користени од страна на планинарите како и сите идни посетители.”

Пиус: “Јас доаѓам од една фарма која се наоѓа во близина на Франкфурт во Германија. Тука сум затоа што сакам да научам повеќе за оваа земја и за луѓето овде. Многу ги сакам планините и пејзажот. Оваа беше многу добро искуство за мене и се надевам дека ќе можам да се вратам повторно по моите студии”

Баптист:  “"Јас сум исто така од Франција, живеам близу Париз. Дојдов тука за да се приклучам на работниот камп за да ја откријам оваа земја и нејзините прекрасни пејсажи, да изградам нешто и да бидам корисен како и да запознавам нови луѓе. Навистина ми се допадна овој камп.”

 

И тука е видео компилацијата од работниот камп.