Иницијатива “Градинка во с.Оризаре”

Мрдни со прст: Младинско вклучување за локални проблеми во Куманово

Општина Липково, од 07 Октомври 2017 г.– Започна со имплементација на граѓанската иницијатива Мрдни со прст, заедно со жителите на с.Оризаре, како и сите оние кои сакаат да учествуваат во изградбата на забавно детското игралиште во дворот на Градинката во с.Оризаре.

Поставување на забавно детско игралиште е иницијатива која потекнува од самите жители на селото за кои претставува голема можност за активно учество во изградба на истото, вложувајќи огромен труд и љубов.

Изградба на игралиштето за нив претставува овозможување за најмилите и најмалите простор во кои безгрижно ќе можат да се играат и дружат, а воедно ќе придонесат и безброј ведри насмевки на дечињата.

Во акцијата, активно ќе мрдаат со прст жители на селото, како и сите оние кои сакаат да учестуваат во акцијата.

Со овој настан Мрдни со Прст продолжува со активностите за подигнување на свеста на граѓаните за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец.  ,,Tи си на потег” како слоган  на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.