Како да научите француски преку запознавање на културата воедно : француски часови во Куманово

Нашите волонтери од Франција Баптисте Енорманд и Баптисте Гарниер коишто се на 6-месечен проект за волонтирање во нашиот младински центар, решија да одржат часови по француски јазик за локална младина.Зошто? Бидејќи има многу млади ентузијасти кои се подготвени да научат нов јазик, и кој е подобар начин да го направат тоа отколку да го научат од личност чиј е мајчин јазик? Но часови по француски не се само за јазикот; преку неформални образовни активности, учесниците исто така учат за културни елементи, стекнуваат  нови пријатели и откриваат нови начини за трошење на слободното време.

Еве што споделија со нас Баптисте и Баптисте:

Целта на часовите е да се научи нов јазик од и со личност чиј е мајчин јазик преку игри, разговори и други вежби . Ние бараме забава преку овој процес. Ова е нашата филозофија и ние навистина мислиме дека е еден од најдобрите начини да се научи нов јазик.

Во моментот организираме 3 различни типови на часови по  француски јазик:

  1. Секој вторник организираме француски разговор во Кафе “Зафир”. Се собираме помеѓу 5 и 10 луѓе секој пат. Учесниците се напредни по француски јазик и ова е момент за нив да разговараат на француски и да се забавуваат со другите учесници.
  2. Потоа, секој четврток од 19:00 до 20:00, организираме час по француски за почетници во младинскиот центар, каде ги учат основите. Овој настан е отворен за секој кој сака да ги научи основните на јазикот за да може да има едноставен разговор на француски јазик.
  3. Еднаш неделно се привклучуваме на час по француски во Техничкото средно училиште "Наце Буџони", каде што му помагаме на наставник  по француски да организира активности со учениците на неформален и забавен начин.

 

Благодарение на сите овие настани, можевме да споделиме дел од француската култура и да поминеме добри моменти со учење на јазици. За нас тоа е добар начин да се разберат културните разлики, оваа претставува големо задоволство што можевме да ги споделите овие моменти со сите учесници.