ЦИД @ EYE2018: Запознајте ги донесувачите на промени

Замислете место каде што 8000 млади луѓе се среќаваат за да дискутираат, дебатираат и да го споделат своето мислење за политички, социјални и културолошки проблематики, и да разговараат со креаторите на политики за тоа како животот на младите може да се подобри. Ова место е настанот European Youth Event (EYE2018) - фестивал кој се одржува еднаш во 2 години и го промовира младинското учество на најдобриот можен начин. Самиот настан ги собира на едно место младите од цела Европа и подалеку, за да истите заземат учество во дводневни маратонски дискусии, сесии, работилници, музички/театарски/циркуски изведби, рап-битки, игри и симулации, сето тоа со цел да се премости празнината помеѓу младите и креаторите на политики, како и да се соберат нови и иновативни идеи за тоа како да се подобри животот на луѓето во Европа во сите аспекти, без разлика дали се тоа економски, социјални или трудово поврзани аспекти, аспекти поврзани со заштита на животна средина, или пак учество во креирање на политики. Настанот се одржува во и до Европскиот парламент, што значи дека за време на тие 2 дена целиот простор околу Европскиот парламент се претвора во енергичен центар на смеа, добри вибрации, музика и позитивност.

Овогодинешното издание на настанот се врти околу мотото: "Планот е да ја разгориме оваа искра во пламен" (Hamilton, My Shot), покривајќи ги следните теми: следење на дигиталната револуција, повикување на правичен удел , работење кон посилна Европа, одржување во живот во турбулентни времиња и заштитување на нашата планета.

Скоро е чудесно како толку многу млади луѓе имаат корист од можноста за споделување на истиот простор со донесувачите на одлуки и спознавање на тоа како нивните идеи можат да ја оформат иднината на Европа. Но, што е уште почудесно е програмата на настанот која е креирана од страна на самите млади луѓе! Во една комплексна процедура која започчнува многу порано од самиот настан, младински организации и младински групи се поканети да се пријават со идеја за работилница или активност која покрива една од темите споменати погоре. Оваа можност креира неверојатна палета од методологии користени за спроведување на предложените активностти, и учесниците добиваат шанса да се запознаат со и да научат повеќе за работата на многу национални и меѓународни младински организации од Европа.

Центар за интеркултурен дијалог зазема учество во EYE2018 со група од 10 ентузијастични и динамични млади луѓе кои организираа работилница за подобра инклузија на бегалците на локално ниво. Работилницата беше замислена како симулација која ги води учесниците низ турбулентното патешествие на бегалците од загрозувачки ситуации во кои се наоѓале до несигурноста која ја затекнале во заедниците до кои што доспеале. Заедно со други 30 учесници имавме бура на идеи за можно подобрување на ситуацијата на бегалците и олеснување на нивната интеграција од страна на локалните, регионалните, националните и евpопските институции, и за тоа која е улогата на младинските центри или младинските групи во целиот тој процес. Наречена „CHANGEMAKERS: Find the key to a better Europe” (Донесувачи на промени: Пронајдете го клучот до подобра Европа), работилницата целеше кон поттикнување на младите луѓе да веруваат дека тие се потенцијалните донесувачи на промени, дека вистинската промена се случува не само зад затворените врата на парламентот и владините институции, туку и во секојдневниот живот и одлуките кои ние како граѓани ги донесуваме кога се соочуваме со заедницата.  

Учеството во настанот EYE2018 беше навистина поттикнувачко искуство. Не само што ги споделивме нашите искуства како организација која се стреми кон подобрување на младинското учество, туку и имавме можност за интеракција со млади со кои имаме иста визија, да разговараме со креаторите на политики и да почувствуваме дека иднината на Европа е во добри раце доколку секојдневно го инвестираме нашиот младински дух во нашите заедници.

Повеќе фотографии може да се најдат на следниот линк.