Born 2 Run: Macedonia

Три интернационални настани за трчање 10км и 3км во Липково (23/09/17), Старо Нагоричане (30/09/17) и Куманово (07/07/17).

 

Project2020 CIC, Центар за Интеркултурен Дијалог и ОБСЕ Мисија во Скопје, заедно со општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково ги организираат трите интернационални настани за трчање во кои секој може да учествува. Настанот ќе биде организиран од луѓе од Куманово и волонтери од различни држави (Македонија, Италија, Велс (Англија), Турција и Грција).

Рутите за секоја трка ќе бидат објавени на 23/08/2017.

Настанот е отворен за луѓе од било која етничка група и возраст.

Исто така можете да помогнете како волонтер во подготовките на настанот, со тоа што ќе бидете дел од големиот тим на волонтери кои ќе го подготват овој настан во северо-источна Македонија.

Секој настан чини 5 евра, односно 300 денари, за да се пријавите или 10 евра, односно 600 денари, ако се пријавите за  сите три. Откако ќе се регистрирате ќе добиете мејл за исплатата. Подолу може да најдете повеќе информации како да се пријавите.

 

BORN 2 RUN: Липково

Првиот настан на трки во северо-источна Македонија е во Липково. На денот за трки предвидени се две, една од 10мк и една од 3км.

Настанот започнува во 09:00 на 23/09/2017, од браната во Липково до село Слупчане. Мапата ќе биде објавен на 23/08/2017.

Регистрација за секоја од трките чини 5 евра, или 300 денари пред настанот; регистрирањето ќе чини 6 евра, или 350 денари на денот на трката. Можете да се пријавите од 10ти Август 2017 со кликнување на линкот подолу каде што ќе го најдете формуларот којшто треба да ја потполните, накратко после тоа ќе добиете мејл.

 

BORN 2 RUN: Старо Нагоричане

Вториот настан на трки во северо-источна Македонија е во Старо Нагоричане. На денот за трки предвидени се две, една од 10мк и една од 3км.

Настанот започнува во 09:00 на 30/09/2017, од село Пелинце до село Старо Нагоричане. Мапата ќе биде објавена на 23/08/2017.

Регистрација за секоја од трките чини 5 евра, или 300 денари пред настанот; регистрирањето ќе чини 6 евра, или 350 денари на денот на трката. Можете да се пријавите од 10ти Август 2017 со кликнување на линкот подолу каде што ќе го најдете формуларот којшто треба да ја потполните, накратко после тоа ќе добиете мејл.

 

BORN 2 RUN: Куманово

Третиот настан на трки во северо-источна Македонија е во Куманово. На денот за трки предвидени се две, една од 10мк и една од 3км.

Настанот започнува во 09:00 на 07/10/2017 од градскиот плоштад во Куманово и ќе заврши на истото место. Мапата ќе биде објавена на 23/08/2017.

Регистрација за секоја од трките чини 5 евра, или 300 денари пред настанот; регистрирањето ќе чини 6 евра, или 350 денари на денот на трката. Можете да се пријавите од 10ти Август 2017 со кликнување на линкот подолу каде што ќе го најдете формуларот којшто треба да ја потполните, накратко после тоа ќе добиете мејл.

 

ПРИЈАВИ СЕ ЗА СИТЕ ТРИ ТРКИ

Ако сакате да се регистрирате за сите три трки, за 10 евра, односно 600 денари, можете да се пријавите на подолу наведениот линк каде што ќе го најдете формуларот којшто треб да го потполните. Накратко после тоа ќе добиете мејл.