BalCAN Change

Центар за интеркултурен дијалог го спроведува проектот BalCAN Change, финансиран од страна на  Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO. Времетраењето на овој проект е од 1-ви мај 2018 до 31-ви март 2019.

Целта на проектот е да придонесе за процесот на помирување во балканскиот регион преку градење капацитет на младите луѓе да се вклучат во активности за градење на мирот и да се залагаат за меѓукултурен дијалог во нивните заедници.

Првата фаза na проектот е Youth Academy “Pease Ambassadors” која се оддржа во Охрид во периодот од 19 до 23 септември. Целта на Академијата беше да подготви 32 учесници за организирање и спроведување на кампања за застапување која ќе има јасни цели и план за акција.

Младинска академија “Pease Ambassadors” е една од најдобрите програми во кои имам учествувано. Ова не е класичен едукативен семинар во кој учесниците често забораваат што прават. Ова е академија во кое се собраа млади луѓе од различни земји, со слични желби, поврзани млади луѓе кои сакаат да учат и да се дружат. Овој проект ми донесе мир, бидејќи видов дека младите од територијата на поранешна Југославија можат да другаруваат заедно, да разговараат и да си играат. Овие млади луѓе ја градат иднината, градат мир на Балканот. Верувам дека со ова искуство го збогатив својот животот.Ми претставува задоволство да бидам амбасадор на мирот!  Изјави Љиљана Јокиќ волонтер во SOS Podgorica

Втора фаза од проектот е организирање на локални активности, секоја група од учесниците во Младинската академија “Pease Ambassadors” имплементираа локални активности во своите заедници.

Додека го спремавме и планиравме локалните активности, можеше да се примети скептичен израз на лицето на сите нас. Помалку бевме несигурни, разубедени, уморни, но желбата беше голема и верувавме дека можеме да ги реализираме нашите идеи. Пинг- понг турнирот имаше компетитивен дух и ривалството но тоа не се приметуваше. Сите бевме тука соберени за една цел да се забавуваме. Иако, за да не се уништи спортскиот дух, на турнирот официјално имаше победници, но за мене победници беа сите. Бидејќи сите што присуствуваа на крај на денот заминаа дома радосни и насмеани. Изјави Емил Цветковски- волонтер во ЦИД.

На почеток оддржавме 5 активности во училиштето “Бедри Ѓинај” , Митровица.Во секоја од активностите децата игра рагби со знаме (сеопфатна, ненасилна верзија на традиционален рагби), преку оваа активност учесниците ја подобрија нивната способноста да се дружат заедно и да бидат повеќе инклузивни со децата од различни заедници и различен пол. Интересен факт за мене беше дека од вкупно 99 деца вклучени во активностите 46 беа женски. Ова активност беше проследена со одржување на поголем настан кој ги собра сите ученици на едно место заедно да ја спроведат играта рагби со знаме,а во исто време оваа беше можност тие да другаруваат и заедно да си поминат убаво. Изјави Дјелза Јунузи волонтер во Play international