Анна Карнас за нејзиното ЕВС искуство во Куманово

Учествував во краткорочен ЕВС во Македонија како дел од проектот "Волонтирање за прифаќање и толеранција". Поминав 3 месеци во Куманово,  град кој се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Мојот проект беше поделен на два дела : работев во младинскиот центар и во кампот за бегалци во Табановце. Младинскиот центар Мултикулти е место каде што децата од двете етнички заедници (македонци и албанци) можат да го поминат заедно своето слободно време. Заедно со другите волонтери бев одговорена за подготовка на интерактивни активности за децата. Игравме различни игри, предававме полски и англиски јазик, правевме презентации за нашите земји итн. Разговаравме многу со децата за нивниот секојдневен живот, од кој многу научиви и ми го прошириа мојото милење во многу аспекти.

На почетокот на проектот бев малку несигурна дали ќе можам да работам и да се дружам со деца чиј јазик не го познавам. За среќа, тие ми докажаа дека тоа не беше толку тешко како што очекував и со поддршка на другите волонтери и локални младински работници лесно можев да станам дел од МultiКулти. Младите најчесто беа многу отворени, симпатични и љубопитни за многу работи, како и за мојата земја.

Бегалскиот камп, каде што и волонтирав, се наоѓа во селото Табановце на македонско-српската граница. Пред да одам таму, немав запознаено бегалец и не знаев што да очекувам. Но, од друга страна бев многу љубопитна и сакав да придонесам за работата на организацијата, што според мое мислење беше многу добро за луѓето на кои им е потребна. Има многу предрасуди и стравови за муслиманската религија и за бегалците во светот, а запознавање на луѓето во кампот ми помогна да ги разберам и да се ослободам  од овие несигурности. Моите активности во кампот беа главно поврзани со спортските и рекреативните активности. Сè што работевме таму беше да нивното време поминато во кампот го направиме поинтересно. Дури и наједноставните работи што ги правевме заедно ми овозможија повеќе да ги запознаам бегалците. Сега се чувствувам лично по збогатена.

Од социјална и културна гледна точка јас ги ценам ЕВС-волунтирањето. Прво, запознав многу интересни и инспиративни луѓе - волонтери, поранешни волонтери, работници од НВО, локални жители, гости од странство. Научив многу за Македонија и за нејзината култура, историја, традиција и јазик. Исто така патував малку и низ Балканот. Се вкупно оваа мое ЕВС искуство ќе го оценам како многу позитивно и значајно искуство. Го препорачувам на сите млади луѓе да ја искористат оваа можност и да бидат дел од еден неверојатен ЕВС проект во странство.