Повик за проектен координатор

Центар за интеркултурен дијалог распишува повик за координатор на младинска размена “Преку интеркултурно учење до подобри можности за вработување” која ќе се одржи од 12-19 јули во Охрид.

Профил на координатор:

  • да има над 18 години
  • младински работник со искуство во менаџирање на проекти/работилници
  • одговорност и флексибилност
  • способност за работа под притисок
  • почитување на зададени рокови
  • познавање на англиски јазик (Advanced level)
  • способност за работа во интеркултурен тим

Предност имаат членови на генерално собрание на ЦИД.

 

Задачи на координаторот:

  • детално проучување на проектната документација
  • постојана комуникација со партнерите на проектот и со учесниците (доставување на инфо-пакет, писмо за покана, помагање на учесниците за достигнување на финалната дестинација, собирање на документација поврзана со патните трошоци на учесниците, итн.)
  • составување на тим за работа на проектот
  • подготвување на програма за работа и распределување на задачи
  • менаџирање на буџет
  • извршување на логистички задачи (резервација на сместување, организација на превоз)
  • состанување со тимот најмалку еднаш неделно
  • состанување со проектниот супервизор еднаш неделно
  • собирање на документација поврзана со проектот (патни трошоци, фактури, сметки, изјави, аудио-визуелна документација)
  • имплементирање на младинската размена и надгледување на целиот процес
  • подготвување и доставување на финален извештај до зададениот рок

 

Почеток на ангажманот: 29.05.2017

 

За извршување на овие задачи проектниот координатор ќе добие соодветен хонорар.

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на mila@cid.mk

Рок за аплицирање: 24.05.2017