Волонтирајте со ЦИД

 

Волонтирајте со ЦИД

Волонтерството е една од основните вредности со кои ЦИД се движи низ својата работа кон заедницата.

Што значи да волонтираш во ЦИД ?

Волонтерството преку ЦИД значи своеволен придонес кон кауза која цели градење на заеднички вредности за меѓукултурно општество  и граѓанска вклученост во локалната заедница.

Какви активности ЦИД организира ?

За младите ЦИД нуди волонтерски можности за учество во активности кои целат кон охрабрување и потикнување на младите кон граѓанско вклучување и меѓукултурен дијалог. Овие активности вклучуваат активности на Младинскиот Центар МultiКулти ( работилници, слободни активности, спорт, филмски вечери и тн.) и други активности кои ги вклучуваат младите во развој на нивните граѓански и меѓукултурни компетенции (ЦИД Академија, Волонтерска Програма и други активности).

Кој може да биде ЦИД Волонтер ?

Секој млад човек на возраст меѓу 14 и 20 години кој сака да помогне во реализција на активности во локалната заедница во Куманово за различни каузи кои ЦИД ги застапува.

Како да станеш ЦИД волонтер

Регистрирајте се на следната онлине форма за волонтерските можности кои ги нуди ЦИД и Младинскиот Центар Мултикулти.