MultiКулти 

 Младински центар

MultiКулти е младински центар фокусиран на воспоставување дијалог во заедницата во етнички сегрегираниот град Куманово. Главната цел на младинскиот центар е да ги утврди темелите за одржлива мултиетничка соработка преку интеркултурно учење и комуникација меѓу младите. Со основањето на Младинскиот центар MultiКулти во 2010 година, основана е неутрална платформа за млади од различни етнички групи со цел заеднички да ги следат активностите. Младинскиот центар се приближува кон младинската работа преку создавање можности за учење, дружење, запознавајќи ги своите врсници надвор од сопствената етничка група и слободно се изразуваат додека се развиваат на лично и општествено ниво.

Покрај тоа, го поддржува активното учество на младите во заедницата, давајќи им можност да учествуваат во отворени и структурирани дијалози со локалните институции, и понатаму да влијае на процесот на одлучување на ниво на училиште и на општините, и понатаму да влијае на процесот на одлучување на училишно и општинско ниво, воедно подржувајќи ги младите да креираат студентски и младински совети.

 Онлајн платформа

Платформата на MultiКулти е онлајн простор кој физички го надополнува младински центар преку обезбедување на широк спектар на услуги. Тоа е интерактивна платформа која на младите им  ги нуди следниве можности:

  • Да ги следат активностите на младинскиот центар, читајќи ги најновите вести и гледајќи го календарот на настани;
  • Да се вклучат во дискусиите и да го изразат своето мислење преку “Disqus” платформата;
  • Да ги следат он-лајн курсевите со теми што се релевантни за младите;
  • Да ја преземат апликацијата MultiKulti за да бидат секогаш ажурирани со претстојните настани;
  • Да учествуваат во процесите на донесување одлуки преку анкети и прашалници.

 

MultiКулти е предводен од стафот на ЦИД. Погледнете подолу кој во моментов ја поддржува работата на младинскиот центар.